Connect with us

Бетис сака да го задржи Ентони и следната сезона

Шефовите на шпанскиот прволигаш Бетис сакаат да го задржат Ентони и за следната сезона и веќе размислуваат на каков начин тоа може да се оствари. Андалузискиот клуб планира да започне преговори со Манчестер Јунајтед за да се најде решение во кое Бразилецот ќе остане на “Бенито Виљамарин”, каде што сега игра како позајмен.

„Зелено-белите” немаат финансиски можности да го откупат Бразилецот и токму поради оваа причина најверојатно ќе упатат понуда за нова позајмица, но со тоа што ќе плаќаат поголем дел од платата на играчот.

Ентони се истакна со настапите за Бетис по неговиот трансфер во јануари, постигнувајќи четири гола и четири асистенции во 11 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Од Манчестер Јунајтед нема да брзаат со одлука за Антони. „Црвените ѓаволи“ се надеваат дека неговите добри настапи во Ла Лига ќе привлечат интерес и од други клубови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови