
Минатата недела во светскиот фудбал се случи контроверзен момент за која сè уште се зборува. Поништениот пенал на Хулијан Алварез директно влијаеше на елиминацијата на Атлетико Мадрид од градскиот ривал Реал во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Дали Аргентинецот ја допре топката двапати? Сите жалби на Атлетико беа одбиени од УЕФА, кој прикажа видео-снимка на која, според нив, „се гледа дека Алварез имал два контакта со топката пред таа да заврши во мрежата“.
Аголот на камерата што УЕФА го претстави пред јавноста во своја одбрана никогаш не беше прикажан во живо, што само ги зголеми сомнежите дека снимката била манипулирана.
A imagem usada pelo VAR para anular a cobrança de Álvarez.pic.twitter.com/5Bkhe86mVe
— Leonardo Bertozzi (@lbertozzi) March 13, 2025
Експертот за видео-едитирање, Алекс Солер, се сомнева дека УЕФА користела одредени алатки за да ја скрие вистината. Тој истакна дека сенката што се појавува на топката исчезнува пред допирот.
„Како што играчот се приближува, се забележува сенка на тревата во одредени делови, но не и на топката. Тоа е невообичаено. Во првиот кадар има некакви сенки на топката, а во вториот, откако Хулијан се поместил и пред да шутира, сенката е идентична со онаа од првиот кадар. Со оглед на светлината на стадионот и промената на сенките при секое движење, сомнително е што во тие моменти таа не се поместува“, изјави Солер.
Тој напоменува дека траекторијата на топката била модифицирана.
„Ова е една од најкомпликуваните работи што треба да изгледаат веродостојно. Со поместување на играчот и топката, наместо да ја користат точната патека, која би била повеќе на десно, тие тоа го направиле дигитално и ја избрале онаа што им изгледала најсоодветна. Тогаш секој кадар на топката исто така би се поместувал“, додаде тој.
Ова сведочење долива масло на оганот на еден од најконтроверзните моменти во историјата на Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Донгмо прави трансфер во Романија

Евро-фудбал
Наполи се вклучи во трката за Расмус Хојлунд

Интернационалци
Јован Манев потпишува за Нови Пазар

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Капитенот на Тотенхем потпиша договор до 2029

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
