Connect with us

Ал-Наср сака да го купи Габриел од Арсенал и му нуди плата од 20 милиони евра

Габриел Магалјаеш би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Ал-Наср покажува интерес за дефанзивецот на Арсенал и планира да испрати понуда за негов трансфер ова лето. Саудискиот клуб веќе стапил во контакт со играчот.

Се шпекулира дека понудата вклучува плата од 20 милиони евра по сезона, што е трипати повеќе од неговата сегашна заработка во Арсенал.

Лондонскиот клуб, наводно, нема да разгледува понуди под 100 милиони евра, а новиот спортски директор на Арсенал, Андреа Берта, ќе се обиде да го убеди играчот да го продолжи договорот.

Габриел во моментов е фокусиран на завршницата од сезоната со „топчиите“, но е отворен за можноста да се пресели во Саудиската Про Лига во некоја фаза од својата кариера.

Во тековната сезона од Премиер – лигата, 27-годишниот дефанзивец одигра 27 натпревари и постигна три гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови