Connect with us

Баер Леверкузен остана без Хермосо до крајот на сезоната

Германскиот првак Баер Леверкузен информираше за повредата на дефанзивецот на „аптекарите“, Марио Хермосо. Тој се здоби со повреда минатата недела за време на осминафиналниот пораз во Лигата на шампионите со 0-2 против Баерн Минхен, а сега е потврдено дека ќе го пропушти остатокот од сезоната.

„Марио Хермосо успешно беше опериран по повредата здобиена на натпреварот против Баерн. Нашиот дефанзивец ќе го пропушти завршниот дел од сезоната и сега ќе започне рехабилитација во Веркштат за што побрзо закрепнување. Ти посакуваме брзо враќање, Марио!“, се вели во официјалното соопштение на клубот од Леверкузен.

Ова е голем удар и за фудбалерот и за тимот, бидејќи Хермосо пристигна во Баер за време на зимскиот трансфер период и брзо се наметна како дел од првиот тим. Во малку повеќе од еден месец, тој одигра четири натпревари во Бундес-лигата, два во Лигата на шампионите и еден во Купот на Германија.

Баер Леверкузен го доведе Марио Хермосо од Рома, каде во претходната сезона настапи на осум натпревари во Серија А, четири во Лига Европа и еден во Купот на Италија.

Претходно, тој ги бранеше боите на шпанските клубови Еспањол и Атлетико Мадрид, а својата кариера ја започна во академијата на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови