Connect with us

Селекторот на Лихтенштајн доби нов договор пред мечот со Македонија

Фудбалската федерација на Лихтенштајн објави дека ја продолжува соработката со селекторот Конрад Фунштук, неколку дена пред почетокот на новиот квалификациски циклус, кој оваа репрезентација ќе го почне со домашен дуел против Македонија. Натпреварот е закажан за в сабота, со почеток во 15 часот во Вадуц.

Фунштук е селектор на Лихтенштајн од 2023 година, а неговиот актуелен договор истекуваше следната година. Челниците на федерацијата беа задоволни од неговата работа, па денеска беше потпишан нов договор со важност до 2028 година.

„Имаме апсолутна доверба во Конрад Фунштук, ја цениме неговата работа во изминатите две години и затоа сме презадоволни што ја продолжуваме соработката. Ќе продолжиме по патот што го избравме со овој селектор“, изјави претседателот на Фудбалската федерација, Хуго Квадерер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови