
Со шапионска победа екипата на Струга Трим Лум го прослави влезот во Првата лига во последното, 27. коло од Втората лига – Запад.
На натпреварот на кој фудбалерите на Струга ТЛ и официјално го добија шампионскиот пехар за првото место на Западот, домашните убедливо славеа со 6-1 против Лабуништа. Стрелци на головите за Струга ТЛ беа Цветаноски, Јахја, Османи, Тафе (два гола) и Хајредини, а Спиркоски беше стрелец за Лабуништа.
Последното коло, пак, го означи и последниот патник во третолигашката конкуренција следната сезона а тоа е екипата на Тетекс. „Штофарите“ не успеаја да се спасат откако загубија на гостувањето од Велазерими со 4-1, а Кораби останува и натаму второлигаш откако победи против Скопје со 2-1. Стрелци за Кораби беа Спахију и Муча уште во првиот дел, а за гостите погоди Јовановски.
Со головите на Петковски и Наумоски од пенал, пак, Пелистер триумфираше на гостување против Генч Калемлер.
РЕЗУЛТАТИ – 27. КОЛО
Струга ТЛ – Лабуништа 6-1
Генч Калемлер – Пелистер 0-2
Велазерими – Тетекс 4-1
Кораби – Скопје 2-1
Гоблен јуниор – Гостивар (НЕ СЕ ОДИГРА)
—- ФК Струга ТЛ од следната сезона ќе игра во Првата лига
—- ФК Лабуништа на 2. јуни ќе игра бараж за Прва лига против ФК Тиквеш
—- Во Трета лига се селат ФК Тетекс, ФК Генч Калемлер и ФК Гоблен јуниор

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027
