
Барселона планира да го донесе англискиот напаѓач Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед во своите редови до крајот на јануари.
Рашфорд, кој не е во плановите на менаџерот Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед, добил јасна порака дека најдобро би било да си пронајде нов клуб.
Веќе е познато дека 27-годишниот напаѓач е достапен на трансфер-пазарот во јануари. Први интерес пројавија Милан, а потоа и Јувентус, но сега во трката за Рашфорд влегува и Барселона.
Според каталонскиот весник „Спорт“, Барселона е решена да го ангажира Рашфорд.
„Барселона оди ‘all-in’ по Маркус Рашфорд. Клубот ќе се обиде да го донесе на позајмица до крајот на сезоната“, истакнува каталонскиот медиум.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Два гола на Мбапе, Реал го победи Овиедо (ВИДЕО)

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови
