
Фудбалерите на Брегалница викендов со пауза од првенствените активности поради настапите на националните тимови во квалификациите за ЕП. Сето тоа носи повеќе простор за дополнително освежување и подготовка на тимот пред финишот на есенската полусезона.
Шефот на стручниот штаб на „сините“, Добринко Илиевски е задоволен од последните игри и резултати на тимот, потенцирајќи дека никако не смее да има опуштање на последните три натпревари низ кои ќе мора да се потврди добрата форма.
„Имаме навистина добра серија во првенството, а во Купот обезбедивме место меѓу најдобрите осум екипи во Македонија. Па, може да бидеме задоволни од игрите и резултатите изминатиот период. Посакуваме секако сето тоа да продолжи до крајот на есенскиот дел. На секој натпревар одиме на победа, и така ќе биде и на преостанатите три оваа есен. Јасно е дека оваа екипа поседува квалитет, а со напорна работа може да дојдеме до посакуваната цел“ – вели Илиевски.
Брегалница денеска од 13:30 часот, искористувајќи ја паузата во првенството поради репрезентативните настапи, во Битола ќе одигра пријателски натпревар со најдобрата екипа од Втората лига – Запад, Пелистер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Важен триумф за Валенсија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Расмус Хојлунд
