Брегалница со предност ќе го очекува реванш дуелот од четвртфиналето во Купот на Македонија откако на домашен терен славеше против Лабуништа со 1-0 во првиот натпревар.
Штипјани сосема заслужено стигнаа до победата која можеше да биде и поубедлива доколку Пепи Ѓорѓиев реализираше од две 100% шанси во финишот од средбата кога иако осамен пред противничкиот гол не успеа да реализира.
Стрелец на победничкиот гол за Брегалница беше Мартин Стојанов во 51. минута од натпреварот…
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (први натпревари)
БРЕГАЛНИЦА – ЛАБУНИШТА 1-0
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1-1
ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ 0-1
СТРУГА ТЛ – РЕНОВА 0-0
* Реванш натпреварите се играат на 4. март 2020
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski