
Хрватскиот стратег Иван Јуриќ ќе продолжи да ја извршува тренерската функција во Рома. Сопствениците на римскиот клуб, семејството Фридкин, решија да му дадат доверба на Хрватот и веруваат дека тој може да му донесе успеси на тимот во иднина.
По поразот од Верона имаше шпекулации дека деновите на Јуриќ во Рома се избројани. Се појавија информации дека раководството веќе води преговори со Масимилијано Алегри и со Маурицио Сари како потенцијални наследници на хрватскиот стратег. Меѓу имињата за можни нови кормилари се појавија и Роберто Манчини, Един Терзиќ, Френк Лампард и Пауло Соуса, но засега Јуриќ останува на кормилото.
Рома има само една победа во последните пет натпревари во првенството и дури три порази, а се наоѓа на 12. позиција на табелата во Серија А.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
