
Брегалница и Македонија ЃП кикснаа пред три дена на домашен терен, па сега ќе се обидат да се вратат на победите на гостинските мечеви кои ги играат денеска. На програмата е одложеното четврто коло, а „лавовите“ гостуваат кај Новаци.
Брегалница по ремито со Осогово, сега се надева на триумф на гостински терен против Вардарски.
Кожуф го искористи минатото коло за да се израмни со Македонија ЃП и со Брегалница на врвот, а денеска има тежок испит, гостува на „Аватокоманда“ против ФК Скопје.
Аресими исто така е гостин и ќе игра против Победа во Прилеп, а интересен е и дуелот меѓу Башкими и Беласица.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 4.КОЛО (ДЕНЕСКА, 15 ЧАСОТ)
ВАРДАР НЕГОТИНО – ОХРИД ЛИХНИДОС
БАШКИМИ – БЕЛАСИЦА
ПОБЕДА – АРЕСИМИ
НОВАЦИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
КАМЕНИЦА САСА – БОРЕЦ
ВАРДАРСКИ – БРЕГАЛНИЦА
ОСОГОВО – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
СКОПЈЕ – КОЖУФ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski