Connect with us

ЖФК Љуботен доведе Колумбијка од врвна класа

ЖФК Љуботен ангажираше големо засилување за новата сезона. Во тетовскиот тим доаѓа колумбиската репрезентативка Ингрид Видал која досега беше член на Америка де Кали.

Ингрид Видал има 54 натпревари за репрезентацијата на Колумбија, со која има настапи на Пан-Американските игри, како и на Олимписките Игри.

Најновото засилување на шампионот е колумбиската репрезентативка Ингрид Видал, која ни доаѓа на позајмица од Америка де Кали една од трите најдобри екипи во Колумбија! Ингрид во своето портфолио има репрезентативни настапи на Светско првенство, Олимписки игри, Пан-Американски игри. Најдобар стрелец во колумбиското првенство, 54 репрезентативни настапи за Колумбија и 11 голови, се само дел од биографијата на Ингрид!

Со Ингрид нападот станува супер силен и вистинска опасност за сите не само во домашното првенство туку и во престојните настапи во Лигата на шампионите! Ингрид Видал неспорно ќе биде најзвучното и најквалитетното име кое досега има настапувано во Македонија, како според квалитетот така и според нејзината биографија!

Сите ние се надеваме дека овие квалитети ќе ги прикаже на настапите за ЖФК Љуботен!“, објави македонскиот првак.

ЖФК Љуботен пред петнаесетина дена ја ангажираше и Колумбијката Паула Валбуена Новоа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови