
Македонскиот второлигаш Брегалница во еден ден претстави четири нови засилувања. Одбраната на тимот ја засили Емре Кадри (20) кој доаѓа од Работнички, претходно има настапувано во младинските категории на Адана од Турција.
Џихан Адили во редовите на штипските сини доаѓа од редовите на гевгелиски Кожуф, а кариерата ја започнува во младите категории на Шкупи, а настапуваше и за Кораби Дебар, Беласица и Дреница Косово. Игра во средниот ред и има 22 години.
Виктор Крстевски и Рејан Абази доаѓаат во пакет на позајмица од Гостивар.
Крстевски е стопер кој освен во Гостивар, бележеше настапи и во Вардар и Пелистер. Роден е 2002 година и ги покрива централните одбрамбени позиции. Абази, исто така е роден 2002 година и ќе го засили нападот на Брегалница. Работнички, Шкупи, Кораби Дебар, Локомотива и Гостивар се неговите претходни клубови во кои настапуваше.




-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
