
Женската фудбалска репрезентација на Македонија претрпе тежок пораз од 4-0 на гостувањето во Словенија, во последниот натпревар од групата 2 во Лига Ц. По овој пораз и победата на Летонија на домашен терен против Молдавија (2-1), нашите фудбалерки го завршија натпреварувањето на третата позиција.
Можноста за пласман во баражот беше пропуштена во претходниот натпревар против Летонија во Скопје, кој избраничките на селекторот Александар Андов го загубија со 1-2, со драматичен гол во последните моменти.
Лара Прашникар постигна два гола за селекцијата на Словенија, а исто така погодија и Каја Коросец и Мирјам Кастелец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Витиња извлече победа за ПСЖ кај Нант (ВИДЕО)
