
Македонскиот прволигаш Шкендија закажа пет пријателски натпревари како подготовка за настапите во Европа. Тимот ги продолжува летните подготовки со зголемен интензитет, а стручниот штаб во распоредот предвиде пет контролни натпревари низ кои ќе се гради оптимална форма до првиот квалификациски натпревар од Конференциската лига на УЕФА.
Првиот контролен натпревар Шкендија го игра следната сабота (15 јуни 2024) кога во Тетово ќе игра против Тиквеш. Шест дена подоцна (21.06.2024) во Струга ќе се соочи со Тирана, а на 25 јуни во Охрид играме против Лапи.
Серијата контролни натпревари Шкендија ја продолжува со дуелот во Тетово против Дритае Гњилане (29.06.2024), а генералната проверка ќе биде против Партизани Тирана на 3 јули во Поградец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal