Женската фудбалска репрезентација на Македонија ја оствари втората победа во групата 2 од Лигата Ц совладувајќи ја Молдавија на гости со 2-4. Интересно е дека двете победи досега селекцијата на Александар Андов ги оствари на гостински терен.

Македонија поведе уште во втората минута со автоголот на Бадичеану, а израмни Табур во 22. минута.
Ново водство за Македонија донесе Наташа Андонова во 26.минута, а пред крајот на првиот дел погоди и Ленче Андреевска за 1-3.
Молдавките намалија со голот на Колник, но Наташа Андонова со својот втор гол ги разреши дилемите околу победникот во 75.минута од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јирген Клинсман ќе биде нов селектор на Чешка?













