
Женската репрезентација на Македонија одигра 1-1 против селекцијата на Молдавија во третото коло од Групата 2 во Лигата Ц за пласман на Европско првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.
Нашите фудбалерки можат да жалат за конечниот исход на оваа средба, со оглед дека беа подобар противник на теренот и не успеаја да искористат неколку изгледни можности за погодок.
По првите 45. минути, Македонија беше противникот кој ја имаше иницијативата и поседот на топка, противникот беше насочен кон одбраната и се обидуваше да се закани по нашиот гол преку контранапади. Најопасни по голот на противникот беа Јилза Максути, Марјана Нацева и капитенот Наташа Андонова.
Во продолжението од средбата, Македонија сосема заслужено дојде до предност од 1-0 преку Јилза Максути во 52. минута. Радоста на нашите фудбалерки траеше кратко бидејќи Молдавија во 55. минута успеа преку Табур да го израмни резултатот.
На 4 јуни, на стадионот Зумру во Кишињев, со почеток во 19 часот, двете селекции ќе одиграат нов натпревар во рамките на 4. коло од квалификациите.
Квалификации за пласман на ЕП (жени);
Тренинг центар „Петар Милошевски”;
Група 2 (Лига Ц);
МАКЕДОНИЈА – МОЛДАВИЈА 1-1 (0-0)
Македонија: Берна Кабакчи, Ане Бошеска, Павлинка Николовска, Јилза Максути, Александра Марковска, Наташа Андонова, Женската репрезентација на Македонија забележа победа со 2:1 над Молдавија во рамките на третото коло од Групата 2 во Лигата Ц за пласман на Европско првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија., Елена Панеска, Ленче Андреевска, Симона Мајер, Ана Милчевска;
Резерви: Викторија Панчурова, Кристина Павлоска, Лора Сулејмани, Веса Села, Кристина Мојсоска, Хава Мустафа, Афродита Салихи, Радица Велкова, Едина Мехмеди, Христина Јошевска, Икмете Лимани, Елена Петровска;
Селектор: Александар Андов;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А

Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Залевски од Рома

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
