Суперталентот Лука Станковски во летниот преоден рок ќе направи голем трансфер во италијанскиот клуб Монца. Македонскиот прволигаш Работнички ги договори деталите со раководството на клубот каде прв оперативец е легендарниот оперативец Адријано Галијани, а сопственик е мултимилијардерот Силвио Берлускони кој е поранешен газда на Милан.
Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио, открива дека голема улога во трансферот на Лука Станкоовски во Монца одиграл легендарниот хрватски фудбалер Звонимир Бобан, кој долги години играше во Милан во периодот на Берлускони и на Галијани.
Хрватот кој беше и спортски директор на Милан го забележал талентот на Лука Станковски и лично му го препорачал на Галијани.
„Шефе, мора да го видиш малиов! Одличен играч“, биле првите зборови на Бобан кон Адријано Галијани.
Монца веднаш се заинтересирала за Лука Станковски, преговорите траеле неколку месеци и на крајот е постигнат договор за трансфер на тинејџерот во Италија во летниот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













