Connect with us

Звезда со пресврт во финишот оствари нова победа против Партизан (ВИДЕО)

Црвена Звезда уште еднаш покажа зошто „вечните дербија“ се повеќе од само натпревар – со фантастичен финиш и пресврт во последните десет минути го совлада големиот ривал Партизан со 2-1 и оствари нова победа за паметење.

Партизан прв го зададе ударот – во 39. минута Алдо Калулу ја казни наивната реакција на одбраната на Звезда и со ладнокрвна завршница го матираше голманот Глазер. Тимот од „Хумска“ изгледаше стабилно и на пауза замина со предност од 0-1.

Но, во финишот – вистинска експлозија на емоции. Во 84. минута, Црвена Звезда се избори за пенал, а Андрија Максимовиќ го реализираше за израмнување и враќање на надежта. Само три минути подоцна, трибините „експлодираа“, откако Бруно Дуарте со одличен погодок донесе пресврт и победа од 2-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови