Францускиот стратег Зинедин Зидан донесе одлука да ја напушти клупата на Реал Мадрид иако има уште една година од актуелниот договор со „кралевите“. Сепак, тој се реши за разделба поради преголемиот притисок што го имаше во изминатиот период, преку 60 повреди на фудбалерите во текот на сезоната која на крајот Реал Мадрид ја заврши без освоен трофеј.
Зидан не му го заборави на Флорентино Перез ултиматумот што му беше даден пред последните две кола од групната фаза од Лигата на шампионите. Тогаш претседателот му направи огромен притисок искажувајќи став дела Зидан ќе биде сменет доколку тимот не ја помине групата во ЛШ. Французинот успеа, стигна и многу подалеку во елитното европско натпреварување, а до последното коло се бореше за титулата во Ла Лига.
На крајот одлучи сепак да замине од „Сантијаго Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













