Реал Мадрид и понатаму е во борба за два трофеи оваа сезона, а низ текот на шампионатот се соочи со неверојатни 56 повреди на фудбалерите. Тренерот Зинедин Зидан не знае дали за тоа е „виновен“ коронавирусот или пак интензитетот на тренинзите. Можеби и лекарската стратегија на клубот…
„Фрустрирани сме, неверојатно многу повреди имаме низ текот на целата сезона. Го загубивме Лукас Васкез, сега и Дани Карвахал, претходно многу се мачеше Еден Азар, вториот дел од сезоната го играме без Серхио Рамос. И навистина не знам кој е виновен…Дали оваа страшна сезона која се игра под строги правила и по забрзан распоред, се преиспитувам и околу интензитетот на тренинзите, не сакам да се сомневам во лекарскиоттим затоа што знам дека се тоа врвни стручњаци во својата област. Но, повредите никако да престанат“, вели Зинедин Зидан пред можеби еден од најважните натпревари, против Осасуна на домашен терен.
Реал Мадрид се наоѓа на втората позиција во Ла Лига со 71 бод, два помалку од лидерот Атлетико Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Јувентус го претстави Спалети како нов тренер
Евро-фудбал
Маркус Турам се врати на тренинзите на Интер
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













