Башкими сака да ја продолжи со низата позитивни резултати, а во рамките на 11-тото коло ќе се сретне со Македонија Ѓорче Петров.
Станува збор за две екипи кои добро се познаваат и од минатата сезона кога се бореа до крајот на сезоната за пласман во Првата лига. Мухарем Мислими најавува дека екипата од Куманово ќе продолжи со истата формула и по победата над Шкупи да не се врати со празни раце од гостувањето во Скопје.
„Се враќаме на терен по трите бода против Шкупи, а екипата е супер мотивирана за следната победа. Минатата година со екипата на Македонија Ѓорче Петров до крај се боревме за висок пласман во Втората лига, така што многу добро ги знаеме. Сигурен дека Башкими нема да се врати со празни раце од овој натпревар. Имаме мотив и многу позитивна енергија да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави, меѓу другото, Мухарем Мислими.
Натпреварот меѓу Македонија Ѓ.П. и Башкими ќе се одигра на стадионот во Ѓорче Петров, со почеток во 13:30 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













