Башкими е вистинско освежување во тековната сезона на Првата македонска фудбалска лига. Тимот, кој ова лето се врати во елитното друштво, пријатно ги изненади сите со серија од шест натпревари без пораз и моментално се наоѓа на солидното петто место на табелата. Сепак, веднаш по денешното реми со Македонија ЃП (1-1), од клубот пристигна шокантна вест.
Кумановци соопштија дека тренерот Муарем Муарем повеќе не е дел од стручниот штаб на клубот, а заедно со него си заминува и неговиот помошник Енес Каили.
Во официјалното соопштение стои:
„Клубот ја известува јавноста дека ја заврши соработката со тренерот Муарем Муарем и помошниот тренер Енес Каили. Башкими им се заблагодарува на двајцата за придонесот и посветеноста во претходниот период и им посакува успех и просперитет во продолжението на професионалната кариера.“
Под водство на Муарем, Башкими одигра 11 натпревари, при што забележа пет победи, четири ремија и само два порази – ефект кој му донесе 19 бода и стабилна позиција во горниот дел од табелата.
Заминувањето на тренерот во ваков момент, кога екипата има позитивен резултатски биланс, сигурно ќе отвори многу прашања во јавноста околу вистинските причини за разделбата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













