Фудбалерот на Наполи, Кевин де Бруин, денес беше опериран во Антверпен, откако заработи повреда на десниот бутен мускул во натпреварот од шампионатот против Интер.
„Како што беше планирано, Кевин де Бруин денес беше опериран во Антверпен поради повреда на мускулот на задната ложа на десниот бут. Процедурата помина совршено, а Де Бруин ќе ја започне првата фаза на постоперативно закрепнување во Белгија“, стои во соопштението на Наполи.
Де Бруин се повреди во саботата на натпреварот против Интер (3-1) во Серија А. Тој постигна гол во 33. минута од пенал, а веднаш по ударот се фати за десниот бутен мускул. Актуелниот шампион на Италија не објави колку долго ќе отсуствува белгискиот фудбалер, но во вторникот генералниот менаџер Габриеле Оријали изјави дека Де Бруин ќе паузира три до четири месеци.
Ова лето, Де Бруин по десет години во Манчестер Сити, прејде во Наполи, за кој одигра осум натпревари во шампионатот и постигна четири гола, а имаше и две асистенции во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













