Аталанта на Иван Јуриќ продолжи со реми-серијата во Серија А, откако петти натпревар по ред го заврши без победник. „Божицата“ одигра 1-1 против Милан во вонредното деветто коло од италијанскиот шампионат.
Дуелот во Бергамо започна шокантно за домашните, бидејќи „росонерите“ поведоа уште во четвртата минута – Ричи искористи еден отпадок и со прецизен удар од преку 20 метри го совлада Карнесеки, запишувајќи го својот прв гол во дресот на Милан.
Аталанта успеа да израмни пред паузата. Лукман погоди за 1-1, резултат со кој се замина на полувреме.
Вториот дел донесе борбен, но тактички внимателен фудбал. Најопасната ситуација ја имаше Запакоста, чиј силен удар Мењан го неутрализираше со ефектна интервенција, спречувајќи целосен пресврт.
Милан од Бергамо си замина со бод, додека Аталанта останува специјалист за ремија под водство на Јуриќ. Во следното коло Милан го очекува дербито со Рома, а тимот од Бергамо ќе се соочи со Удинезе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија
Евро-фудбал
Сао Паоло му даде отказ на Хернан Креспо













