Фудбалскиот сојуз на Србија официјално потврди дека нов селектор на националниот тим е Вељко Пауновиќ, кој ќе го наследи Драган Стојковиќ. Стојковиќ ја извршуваше функцијата од 2021 година, но ја напушти во октомври 2025 година по поразот од Албанија во Лесковац.
Генералниот секретар на ФСС, Бранко Радујко, истакна дека Пауновиќ со голема мотивација и посветеност ја прифатил понудата да ја преземе репрезентацијата во клучен момент за квалификациите.
„Фудбалскиот сојуз на Србија донесе одлука Вељко Пауновиќ ќе ја води нашата селекција во борбата за место на Светското првенство 2026! Сè уште имаме шанси за пласман, а Пауновиќ и неговиот стручен штаб ќе ги предводат „орлите“ на претстојните дуели со Англија и Летонија“, стои во соопштението на ФСС.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













