Фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета, сака да го напушти клубот во текот на зимскиот трансфер прозорец. Летото, Бразилецот беше ослободен од обвинувањата за местење натпревари, по истрага што траеше две години. Токму пред тоа, Пакета беше на чекор од трансфер во Манчестер Сити, со договорена сума од 85 милиони фунти, но откако ФА му покрена обвинение, „граѓаните“ се повлекоа.
Летово, Астон Вила беше блиску до ангажманот на Пакета, но Вест Хем го одби трансферот поради недостиг на време за пронаоѓање замена за Бразилецот.
Според англиските медиуми, во зимскиот период „чеканите“ се подготвени да го продадат 28-годишниот играч, но ќе бараат сума од 60 милиони фунти, кои би ги инвестирале во нови фудбалери. Меѓутоа, формата на Пакета од почетокот на сезоната не е на највисоко ниво, со само два постигнати гола.
Фламенго има интерес да го врати Пакета, но сигурно нема да може да покрие толку висока сума. Манчестер Сити веќе нема интерес, па останува да видиме дали клубови како Астон Вила и Тотенхем, кои претходно беа поврзувани со него, ќе се вклучат во трката за Бразилецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













