Во Кавадарци изминатите денови беа турбулентни на фудбалски план. Она што му се случи на Тиквеш во домашниот пораз против Арсими доведе до тоа да дојде до смена на досегашниот тренер Ѓорѓи Мојсов и да биде поставен искусниот Борче Христов.
Кавадарчани со нов шеф на стручен штаб попладнево гостуваат во Битола, каде што со почеток од 17:00 часот на „Петар Милошевски“ го играат дуелот против Пелистер.
„Двата тима очекуваат подобри денови на резултатски план. Мора да се фокусираме на она што следува, минатото и оној шок од Арсими мора да го заборавиме“ – вели искусниот Александар Вареловски па додава.
„Ова е одлична можност за наша играчка и резултатска рехабилитација. Ноќен термин, добар терен во Битола. Мора да одиме по бодовите, мора да одиграме како што треба, немаме друга опција“ – додава популарниот „Брзи“ па поентира.
„Доколку победиме денеска тоа ќе биде одлично. И на новиот тренер Борче Христов му е потребно тоа. Тоа ќе ни ја крене самодовербата на високо ниво“ – вели Вареловски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Женски фудбал
Андов: Нова можност да се стекне потребното искуство
Евро-фудбал
Луис Енрике: Многу сум горд на овој ПСЖ
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Осман Дембеле пред трансфер во Манчестер Сити?













