Connect with us

Зидан: Го издржавме почетниот ураган на Ливерпул

Реал Мадрид се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите каде за противник ќе го има Челси. „Кралскиот“ тим издржа на гостувањето на „Енфилд Роуд“ играјќи без голови и ја задржа предноста од 3-1 што ја обезбеди на првиот меч во Мадрид.


Тренерот Зинедин Зидан вели дека сите во клубот можат да бидат горди на фудбалерите. Имаа неверојатно жестока седмица, две пресметки со Ливерпул, но и мегадуел со Барселона во популарното „Ел Класико“. На крајот излегоа како победници.

„Одолеавме на ураганот во Ливерпул и можеме да бидеме горди. Знаевме дека противникот ќе започне многу брзо да напаѓа. Во првите 15 минути, Ливерпул беше навистина многу добар. Во четвртфиналето на Лигата на шампионите, понекогаш мора да се поставите и во дефанзива. Знаевме дека ќе мора да го издржиме почетниот притисок и на крајот го добивме тоа што го сакавме. Мислам дека добро се приспособивме на ситуацијата“, изјави Зинедин Зидан по пласманот меѓу четирите најдобри екипи во елитното европско натпреварување.

Во полуфиналето, Реал Мадрид ќе се соочи со Челси, првиот меч ќе се одигра во Мадрид на 27 април, а реваншот е во Лондон на 4 мај.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови