
Оливие Жиру се согласил да го продолжи договорот со Милан. Французинот ќе потпише за уште една година соработка со „росонерите“.
Решавачката средба меѓу раководството на Милан и претставниците на Жиру, Винченцо Морабито и Михаел Мануело се одржала вчера. Сите детали за новиот договор се веќе договорени.
Во јануари, Жиру одби голема понуда од Евертон, покажувајќи дека сака да остане во Милан.
Новиот договор на францускиот интернационалец ќе му донесе 3,8 милиони евра за една сезона.
Официјалното потпишување се очекува да се случи пред четвртфиналето од Лигата на шампионите против Наполи на 12 април.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
