
Женскиот фудбалски прволигаш ЖФК Љуботен доби дозвола да игра на Градскиот стадион во Тетово. Клубот се пофали со новата одлука и ги повика навивачите да го бодрат тимот на следниот натпревар против Тиверија.
„Тоа што пред неколку недели го ветија раководните луѓе на Градскиот стадион во Тетово тоа и го исполнија, дерби натпреварите од првата женска фудбалска лига ЖФК Љуботен да ги игра на Градскиот Стадион во Тетово!
Па така дерби натпреварот од 10тото коло помеѓу екипите на ЖФК Љуботен и ЖФК Тиверија ќе се одигра во сабота 04.11.2023год. со почеток во 13:00часот на Градскиот стадион во Тетово!
Повик до сите вљубеници во спортот посебно во фудбалот во што поголем број да го проследиме овој дерби дуел и заедно да го бодриме ЖФК Љуботен до нова победа!“, се вели во соопштението на ЖФК Љуботен.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
