Ливерпул забележа сигурна победа против Брајтон, а по натпреварот менаџерот Арне Слот ја откри и судбината на Мохамед Салах.
Тренерот на Ливерпул истакна дека нема никаков проблем со Мохамед Салах што треба да се решава и по триумфот од 2-0 над Брајтон нагласи дека очекува египетскиот напаѓач да се врати во полн ритам наредниот месец, по завршувањето на Африканскиот куп на нации.
Салах крена многу прашина минатата недела, кога по гостувањето кај Лидс, натпревар што целосно го преседе на клупата за резерви, излезе пред новинарите и изјави дека клубот и тренерот го „фрлиле под автобус“.
Реакцијата од клубот беше брза и јасна. Салах беше изоставен од составот за гостувањето кај Интер во Лигата на шампионите, по што следеше и директен разговор меѓу Слот и египетската ѕвезда. Разговор отворен, и, како што се покажа, доволно ефикасен.
Салах се врати во тимот на натпреварот против Брајтон и доби шанса уште во 26. минута, по повредата на Џо Гомез. Иако до крајот на средбата не се запиша меѓу стрелците или асистентите, Слот беше повеќе од задоволен од прикажаното.
„Тој е фудбалер на Ливерпул и очекувам да се врати по турнирот“, кратко изјави Холанѓанецот.
На прес-конференцијата, Слот дополнително ја појасни ситуацијата, но јасно стави до знаење дека не сака да се навраќа на контроверзното интервју по мечот со Лидс.
„За мене тука нема проблем што треба да се решава. Тој сега е ист како и секој друг играч. Немам потреба да зборувам за она што се случи по натпреварот со Лидс, ниту за интервјуто што тогаш го даде. Сметам дека причината зошто не беше во Милано е токму тоа интервју. Разговарав со него вчера. Никогаш јавно не изнесувам за што разговарам со играчите и нема да направам исклучок ни сега“, изјави Слот и додаде:
„Делата зборуваат повеќе од зборовите. Повторно беше во тимот, а кога морав да направам прва измена по повредата на Џо Гомез, го внесов токму Салах. Играше онака како што би посакал секој навивач, секако вклучувајќи ме и мене“, заклучи Слот.
Ливерпул до победата над Брајтон стигна со головите на Хуго Екитике, славеше со 2-0 и моментално се наоѓа на шестото место на табелата со освоени 26 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Интернационалци
Јетон Беќири официјално го презеде кормилото на Габала
Интернационалци
Јетон Беќири заминува на печалба во Азербејџан?
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













