Македонската репрезентација до 15 години славеше победа од 3-2 против врсниците на Турција.
На тренинг центарот “Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Горан Станковски одиграа одличен меч и заслужено се радуваа на триумф против силната Турција. Димоски во 93. минута даде гол за победа, откако испуштивме 2:0 на полувреме.
Драган Петков веќе во 2. минута го отвори резултатот. Предноста ја удвоиме по 23. минути игра преку Стефан Стојановски.
Противникот во 51. и 60. минута искористи грешки во нашата одбрана и преку Озбугуту и Озкан успеа да го израмни резултатот.
Голот за победа на македонската репрезентација го постигна Павел Димоски во судиското надополнување од натпреварот.
Македонија до 15 години: Јован Дановски, Адел Мустафи, Еман Емини, Горан Ристовски, Калин Аврамовски, Дин Рожајли, Стефан Стојановски, Давор Танески, Јован Јанчевски, Драган Петков, Доротеј Христов;
Турција до 15 години: Берк Кирман, Осман Курумахмут, Окан Џенгизхан Озкаја, Ахмет Ејмен Серт, Ејмен Ајјилдиз, Мустафа Енес Бозабали, Нојан Озкан, Ноа Никчи, Топрак Кок, Армаган Лортоглу, Ајаз Озбугуту;
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













