Ливерпул и Челси ги оправдаа фаворитските улоги во 16. коло од Премиер – лигата и на домашен терен впишаа нови три бода. Актуелниот шампион славеше со 2-0 против Брајтон, а со ист резултат заврши и дуелот меѓу Челси и Евертон.
„Црвените“ го отворија резултатот веќе по 60 секунди игра, Екитике се најде на вистинското место по една одбиена топка и со силен удар го совлада Вербруген за прва радост на „Енфилд“. По вчерашниот состанок меѓу Арне Слот и Мохамед Салах, холандскиот стратег го врати својот прв ас во составот, но Египќанецот натпреварот го започна од клупата за резерви.
Во 26. минута се повреди Џо Гомез, па Слот го внесе токму Салах. На стартот од второто полувреме тој асистираше до Екитике, кој со својот втор погодок ги постави конечните 2-0. Со оваа асистенција Салах се „одјави“ од „Енфилд“ и заминува во татковината, каде ќе се подготвува за Африканскиот куп на нации.
Воедно, Египќанецот го надмина Вејн Руни на вечната листа на стрелци и асистенти во Премиер лигата и сега е на врвот со 277 директни учества во голови – едно повеќе од легендата на Манчестер Јунајтед.
Во Лондон, Челси немаше проблеми против Евертон и пред својата публика победи со 2-0 (2-0). Кол Палмер го постигна својот прв гол по враќањето, откако во 21. минута ја затресе мрежата на Џордан Пикфорд. Асистентот за првиот гол, Мало Густо, беше стрелец на вториот погодок во судиското надополнување од првото полувреме. Во вториот дел мрежите мируваа на „Стемфорд Бриџ“, а бодовите останаа во Лондон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













