Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред продолжението на шампионатот. Струга Трим заостана само за еден чекор и сигурно дека и напролет ќе се води голема битка за титулата.
Шкендија е на третото место, но се чини дека фокусот на тетовци повеќе беше на европската сцена, каде имаа(т) одлични настапи во групите од Конференциската лига.
Силекс ја заокружува четворката која се издвои од останатите, додека Башкими и Арсими, според освоените бодови, се пријатни изненадувања.
Најголемите разочарувања се поранешните шампиони, Шкупи, Работнички и Македонија ЃП, кои засега се на позициите кои водат во понизок ранг, а во најголемиот тек од есента се бореа и со финансиски проблеми.
Тиквеш и Пелистер во финишот успеаја малку да ја кренат главата над вртлогот.
МАКФУДБАЛ го избра најдобриот тим на есенската полуетапа, го предводи стратегот на Вардар, Гоце Седлоски.
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
- МАРКО АНГЕЛЕТИ (СТРУГА ТЛ)
- БОЈАН ИЛИЕВСКИ (СТРУГА ТЛ)
- КЛИСМАН ЦАКЕ (ШКЕНДИЈА)
- МИСЛАВ МАТИЌ (ВАРДАР)
- МИГЕЛ ПИРЕШ (СИЛЕКС)
- РЕШАТ РАМАДАНИ (ШКЕНДИЈА)
- ФАБРИС ТАМБА (ШКЕНДИЈА)
- БУЊАМИН ШАБАНИ (СТРУГА ТЛ)
- РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
- АЗЕР ОМЕРАГИЌ (ВАРДАР)
- БАСИРУ КОМПАОРЕ (СТРУГА ТЛ)
ТРЕНЕР: ГОЦЕ СЕДЛОСКИ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дембеле: Ќе бидам подготвен за финалето на ЛШ













