
Антонио Конте и Интер постигнале договор за прекин на договорот со Интер, што ќе ги чини „нероаѕурите” отштета од 7 милиони евра. Авантурата на Конте во новиот италијански првак е завршена по само две години, и покрај тоа што го освои „скудетото’.
Плановите на Интер за следната сезона наводно вклучуваат намалување на платите од 15-20% на сите фудбалери и членови од стручниот штаб, па се до присилна продажба на најмалку еден клучен фудбалер со цел стабилизирање на финансиската состојба. Ова не му се допаднало на познатиот стратег, кој очекувал посериозен проект.
Поранешниот тренер на Јувентус и Челси си заминува од „Џузепе Меаца“ со едно „скудето“ и финале во Лигата на Европа. Како што додаваат италијанските медиуми, Интер сега стравува од егзодус на фудбалери, кои претходно изјавиле дека поголемиот дел од нив ќе го напуштат клубот доколку Конте не остане на кормилото и следната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Дарвин Нуњез е новата цел на Јувентус

Евро-фудбал
Џејдон Санчо и третпат во Борусија Дортмунд?
