Connect with us

За Тиквеш императив е победа на дуелот против Шкупи

Тиквеш денеска на свој терен во шестото коло од Прва МФЛ ќе се соочи со тимот на Шкупи. Дуел на две екипи кои во моментов се мачат пред се на резултатски план. Кавадарчани двапати одиграа нерешено, имаат два бода, а Шкупи е последен без бодови.

Сѐ она што се случува во и околу тимот на Тиквеш овој период во врска со обврските на новиот сопственик на клубот дел е потврдено како точно, дел е отфрлено како шпекулација. Во секој случај, тимот на чело со тренерот Ѓорѓи Мојсов секој пат кога ќе излезе на терен се обидува да победи, а во оваа ситуација бодовите на домашен терен против последнопласираниот тим на табелата се од огромно значење.

„Секако дека посакуваме прва победа сезонава. Тоа е приоритет. Што и да се случува, на терен не менува ништо. Тиквеш оди на три бода и денеска“, велат од таборот на Тиквеш.

Мечот во Кавадарци почнува од 15:30 часот. Навивачката група „Лозари“ исто така деновиве прави посебна мобилизација за денешниот дуел со што дава стопроцентна поддршка на клубот и во овие специфични моменти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови