Connect with us

Втора лига Запад: Вардар го напаѓа гнездото на Воска….дуел вреден „шест бода“

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар сака да се опорави од непријатниот пораз од Силекс (1-2) дома со позитивен резултат на гости против Воска. Амбициозниот дебитант го чува второто место на табелата кое носи бараж за пласман во елитата и има два бода предност во однос на „црвено-црните“.

Доколку сакаат да ја остварат целта, избраниците на Никола Глигоров ќе мора да се обидат да освојат три бода на овој дуел. Но, и Воска Спорт посакува победа со која би се одлепила на пет бода во однос на најголемиот ривал за втората позиција.

Силекс е неприкосновен лидер, реди победи и се очекува да продолжи во ист ритам и на денешниот дуел во Кратово против Охрид Лихнидос. Велешта го пречекува Кораби, Тетекс му гостува на Кадино, а Беса е домаќин на Гостивар. Натпреварите почнуваат од 13 часот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови