
ФК Скопје уште пред неколку кола мина прв низ целта, па во Втората лига Запад сега главното прашање на кое се чека одговор е кој ќе обезбеди пласман во баражот за пополнување на Првата лига. Охрид и Велешта се во трка за второто место и моментот на одлука е денешното последно првенствено коло.
Охрид му гостува на Тетекс и со победа против „текстилците“ ќе мине за гради побрзо во фотофинишот од Велешта. Има подобар меѓусебен дуел, што значи дека охриѓани сами решаваат за својата судбина и за историски пласман во баражот за пополнување на елитата. Но, и нема да биде така лесна мисија да се победи Тетекс затоа што овој тим гледа да обезбеди опстанок во второлигашкото друштво.
Велешта има идентичен број бодови како и Охрид (46), а денеска му гостува на новиот прволигаш Скопје. Мотивот за триумф секако е на страната на Велешта, но Скопје е квалитетен тим кој сигурно нема лесно да ги подели бодовите во Автокоманда.
На останатите средби од последното коло во Втората лига Запад се среќаваат Дрита – Кораби и Кадино – Гостивар. Натпреварите стартуваат од 16 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
