Connect with us

Втора лига: Многу голови, убедливи победи за Кожуф, Саса и за Брегалница

Попладнево се одиграа шест натпревари од четвртото коло во Втората македонска фудбалска лига, а речиси сите дуели донесоа многу возбудувања, пресврти и голови.

Брегалница на домашен терен се соочи со големи проблеми против Новаци, кои поведоа со 0:2 и на полувреме заминаа со водство од 1-3. Сепак, штипјани во второто полувреме одиграа многу подобро и со четири постигнати погодоци дојдоа до конечни 4-2.

Во Кочани, Осогово и Скопје одиграа возбудлив натпревар во кој домаќините поведоа, но „пиратите“ од главниот град успеаја да направат пресврт и да слават со 2-3.

Слична приказна се случи и во Прилеп. Победа поведе со 2-0 против Охрид, но гостите возвратија со три гола и го свртеа резултатот во своја полза за 2-3.

Шкендија Арачиново без поголеми проблеми ги освои трите бода против Горно Коњари, славејќи со убедливи 4-0.

Убедлива победа ја оствари Кожуф, кој ја „торпедираше“ Преспа со 7-1, додека Саса беше уште поефикасна на гостувањето кај Вардар Неготино, каде славеше со неверојатни 1-8.

Утре со почеток од 15:30 часот ќе се одиграат и последните два натпревара од ова коло: Тетекс – Слога Виница, Беласица – Детонит

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови