
Денешното коло во Втората македонска фудбалска лига ветува многу возбудувања, но сите погледи се вперени кон стадионот во Ѓорче Петров. Таму, во вистинска градска дерби-пресметка, ќе се сретнат Македонија ЃП и Скопје – дуел на „лавовите“ и „пиратите“ кој би можел да има огромно влијание врз расплетот на врвот на табелата.
Македонија ЃП се наоѓа на лидерската позиција со 49 бодa, исто колку и второпласираниот Башкими. За да ја задржи челната позиција, тимот од Ѓорче мора да слави денес. Но, тоа нема да биде лесна задача – дерби натпреварите секогаш носат дополнителен набој, а Скопје нема што да загуби.
Во исто време, Башкими ќе ја пречека екипата на Новаци во меч каде кумановци важат за апсолутни фаворити. Секоја загубена точка од водечките ќе ја чека Брегалница, која со 47 бода демне од третата позиција и денеска го дочекува Детонит на домашен терен.
Не смее да се отпише ниту Арсими, четврти на табелата со 45 бодa. Тие денеска се домаќини на Осогово и ќе се обидат да се приклучат во битката за директна промоција во елитата.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 23.КОЛО (денеска, 15 часот)
Македонија ЃП – Скопје
Победа – Вардар Неготино
Брегалница – Детонит
Башкими – Новаци
Охрид – Саса
Беласица – Вардарски
Арсими – Осогово
Борец – Кожув

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
