Беса гостува во Битола, тоа е најава жесток дуел на двете екипи кои имаат амбиции за пласман во Првата лига. Пелистер игра пред домашните гледачи и како што пренесува Благоја Љамчевски во името на соиграчите, посакува триумф и три бода.
„Ова е дуел на двете најдобри екипи во Втората фудбалска лига, претенденти за пласман во елитата. Ја повикувам публиката да дојде и да ни даде поддршка, а се надевам дека ќе успееме да ја оствариме целта и да победиме“, изјави искусниот фудбалер на Пелистер, Благоја Љамчевски.
Детонит Плачковица на домашен терен го пречекува Новаци, а Тетекс е гостин на Арсими.
Интересен ќе биде и дуелот меѓу Кожуф и Беласица во Гевгелија.
Натпреварите од Втората лига почнуваат од 13 часот.
ВТОРА ЛИГА ДВОЈКИ, 11.КОЛО (денеска, 13 часот)
БЕСА – ПЕЛИСТЕР
АРСИМИ – ТЕТЕКС
СКОПЈЕ – БАШКИМИ
ВАРДАР НЕГОТИНО – ПОБЕДА
КАРАОРМАН – ОСОГОВО
КОЖУФ – БЕЛАСИЦА
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – НОВАЦИ
КАМЕНИЦА САСА – ОХРИД ЛИХНИДОС
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski