Македонската репрезентација вечерва од 20:45 часот на Националниот стадион во Варшава против Пролска ја очекува клучниот натпревар околу исполнувањето на желбата за пласман на ЕП 2020.
Елиф Елмас на извонреден начин го потврди сиот свој потенцијал и фудбалски раскош со два погодоци за победа на Македонија против Словенија во Скопје, која не остави во трката за една од двете водечки позиции во квалификациската Група Г за пласман на ЕП 2020.
Триумф кој ја врати надежта кај секој фудбалски вљубеник за ЕП, триумф кој носи дополнителен мотив и за сега веќе најважниот натпревар во битката за историја. За сето тоа е свесен и Елмас кој потенцира дека сега некои нешта зависат и од нас самите…
„Покажавме против Словенија кои сме и што сме, но сега сме концентрирани на овој многу важен натпревар со Полска. Секако дека сакаме победа, и ќе се бориме за неа. Мора да си признаеме дека сега некои нешта зависат и од нас самите. Квалитетот на нас како поединци и како тим мора да го потврдиме против една селекција како Полска од највисок европски ранг“ – вели Елмас пред вечерашната пресметка на Националниот стадион во Варшава која почнува од 20:45 часот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Прв гостински триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













