Непристојното однесување на Винисиус Жуниор во 72. минута, откако му беше соопштено дека ќе биде заменет со Родриго, ја засени победата на Реал (2-1) во првото Ел Класико оваа сезона.
Шпанските медиуми го критикуваат Бразилецот, истакнувајќи дека неговите испади покажуваат непочитување кон тимот, тренерот, соиграчите и навивачите.
Разорачано е и раководството на клубот, на чело со Флорентино Перез. Договорот на играчот трае до 2027 година, но по ваквите постапки шансите за продолжување се намалуваат. Наместо нов договор, Винисиус сега се соочува со можност за дисциплинска казна, а единственото прашање е во која форма ќе биде изречена.
Тој добил и порака, да го смени однесувањето или во спротивно најверојатно ќе мора да си замине и пред 2027 година.
Како реална опција се разгледува и продажба. По завршувањето на сезоната 2025/26, Винисиус би можел да го напушти Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal













