Турскиот фудбал е погоден од огромен скандал: стотици судии, меѓу кои и неколку со национален ранг, се откриени дека се обложувале на фудбалски натпревари, иако тоа е строго забрането, изјави претседателот на Турската фудбалска федерација, Ибрахим Хаџиосманоглу.
Внатрешната истрага опфатила 571 судија. Шокантните резултати покажуваат дека 371 имале сметки во обложувалници, а 152 активно се обложувале. Десет судии имале повеќе од 10.000 облози, а еден дури 18.227. Дополнително, 42 судии се обложувале на повеќе од 1.000 натпревари.
„Одлучни сме да го исчистиме фудбалот од сите траги на корупција. Нема да има исклучоци“, рече Хаџиосманоглу, најавувајќи веднаш санкции за виновните.
Според него, 22 од овие судии биле активни на национално ниво – седум главни и петнаесет помошни – но не се открива дали тие се обложувале на натпревари што сами ги суделе.
Овој скандал доаѓа во период кога турското судење е под зголемена критика поради чести обвинувања за пристрасност. Поради тоа, во пролетта 2024 година, ТФФ дел од натпреварите во Суперлигата им ги довери на странски ВАР-судии, а во февруари странски судија го судеше и големото дерби Галатасарај – Фенербахче.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













