
Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, им соопштил на соиграчите дека сака да го напушти Торино пред почетокот на новата сезона. Шпекулациите дека Роналдо ќе си замине од Јуве ова лето не стивнуваат, а медумите тврдат дека тој ги постигнал своите цели во Италија и повеќе не гледа иднина во „црно-белиот“ дрес.
Португалскиот ас, кој во моментов се подготвува за Европското првенство во својата татковина, пристигна во Јувентус во јули 2018 година. Неодамна, тој се поврзуваше со враќање во Манчестер Јунајтед или Реал Мадрид, а Спортинг Лисабон и Пари Сен Жермен исто така се можни идни дестинации.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ има уште една година од својот договор со „старата дама“, а клучна улога во неговата одлука може да игра и старо-новиот тренер на клубот, Масимилијано Алегри. Алегри е тој што во последната своја година од мандатот во Јувентус, побарал од раководството да го продаде Португалецот бидејќи според него, “го блокира развојот на фудбалерите и на целиот тим”.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”

Евро-фудбал
Лукман сака да се пресели во Премиер – лигата

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?
