
Барселона моментно не е во позиција да донесе нови играчи во јануарскиот преоден рок. Новиот тренер на Чави до крајот на сезоната може да смета само на постоечкиот кадар, потврди спортскиот директор на клубот Матеу Алемани, со напомена дека се надева како оваа ситуација ќе се промени.
Каталонскиот гигант има проблеми со буџетот за плати, поради што не успеа да го задржи Лионел Меси и што е се уште нерешена ситуација, па клубот не може да носи нови засилувања во зимскиот преоден рок.
Барселона се надева дека наскоро ќе ги реши финансиските проблеми, но сепак тоа нема да оди така лесно.
„Ќе видиме што ќе се случува во јануари. Има уште месец и половина и работиме на тоа. Во моментов нема шанси да донесеме некое засилувања оваа зима, но ќе видиме како ќе изгледа се на првиот ден од јануари“, рече Алемани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи се засили со Ринор Ајдини

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски погоди и вторпат во дресот на Клуж

Евро-фудбал
Монако го претстави Пол Погба

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
