
Почнува новата сезона 2021/22 во Првата фудбалска лига, а Работнички (17.30 часот) на арената „Тодор Проески“ го пречекува Борец во дуелот од првото коло. Со значително реновиран тим, „романтичарите“ ќе се обидат да ги остварат клупските цели, а тие секогаш се високи, со надеж за излез на европска сцена.
За старт, на гости доаѓа Борец, а шефот на стручниот штаб Александар Влахо, со верба во работата и квалитетите на тимот, но и должна почит и респект за противникот, го најавува првото пролетно коло. И вели, дека првиот чекор е секогаш тежок.
„Првиот натпревар е секогаш тежок, како вовед во сезоната. Тимот е подготвен, се надевам дека ќе прикажеме допадлив фудбал и ќе се обидеме да стигнеме до успех на стартот. Но, тоа секако нема да биде лесно. Борец е квалитетен тим, предводен од Борче Христов кого многу го ценам како стратег, секогаш умее да го извлече максимумот од составот со кој располага. Што се однесува до Работнички, и ние значително менувавме, доведовме неколку нови фудбалери во летниот преоден рок и очекувам дека добро ќе се вклопат во тимот. Можеби ќе биде потребно уште малку време за да се воиграме, но почнува борбата за бодови и ние сме максимално фокусирани да ја оствариме нашата цел“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.
Актуелниот шампион Шкендија ја почнува одбраната на шампионскиот трофеј од Прилеп. Шкупи ќе биде најголемиот конкурент на Шкендија во трката за титулата, а денеска гостува во Штип кај новиот прволигаш Брегалница кој исто така е мошне амбициозен на почетокот од сезоната.
Македонија ЃП во Ѓорче Петров е домаќин на Пелистер. Во Тетово, Ренова ќе го нагости Скопје, а од 20 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе играат Академија Пандев и Струга Трим Лум.
ПРВА ЛИГА, ПРВО КОЛО, СЕЗОНА 2021/22
СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ (17.30 Ч.)
ШТИП: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР
ПРИЛЕП: ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
ТЕТОВО: РЕНОВА – СКОПЈЕ
СТРУМИЦА: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ (20 Ч.)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
