Connect with us

Владата додели Национални признанија на истакнати спортисти

Министерството за спорт и Владата на Република Македонија одржаа свечена церемонија на која им беа доделени Национални признанија на истакнати македонски спортисти кои оставиле длабока трага во спортската историја на нашата земја.

На церемонијата, министерот за спорт, Борко Ристовски, и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, им ги врачија признанијата на бројни спортски легенди од различни колективни спортови – фудбал, кошарка и ракомет.

Меѓу добитниците се нашите фудбалски великани Горан Пандев, Дарко Панчев и Илија Најдоски. 

Наградените спортисти се симбол на посветеност, дисциплина и патриотизам. 

Нивниот успех не само што ја афирмираше Македонија на светската спортска сцена, туку и инспирираше многу генерации млади спортисти да го следат нивниот пат.

Со ова признание, државата им оддава заслужена почит и благодарност за нивниот извонреден придонес кон македонскиот спорт и националниот идентитет.

Горан Пандев: 

“Признанието ми значи, но исто така не е признание само лично за мене, туку и за сите со кои ја делев честа да играм. Соиграчите и тренерите, сите кои беа дел од мојот пат до успехот. 

Особена благодарност упатувам до Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ за поддршката за ова признание и довербата во нашата заедничка работа. 

Повеќе од благодарност должам кон моето семејство. За нивната безрезервна љубов, жртва и поддршка во секој чекор од мојот пат.

Горд сум што заедно испишавме едно од најубавите спортски поглавја во историјата на македонскиот фудбал. 

Но, уште порадосен што инспириравме нови генерации да сонуваат, да се борат и да веруваат.Чувствувам гордост, но и обврска да продолжиме да веруваме во големи работи”.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови