Connect with us

Вирусот го исцедил Мбапе, кој загубил пет килограми, но сега е подобро и се врати на тренинзите

Француската ѕвезда Килијан Мбапе се соочи со сериозни здравствени проблеми поради вирус од кој загубил пет килограми и дури заврши во болница, објави шпанска „Марка“. Вирусот го спречи напаѓачот на Реал Мадрид да го започне настапот на Светското клупско првенство.

Според информациите, инфекцијата ја добил уште пред тимот да замине за САД, каде што се игра турнирот.

Сепак, добри вести за навивачите на Реал се дека самиот Мбапе преку објава на социјалните мрежи потврди дека е целосно опоравен. Тој сподели фотографија од теретана со порака: „Назад на работа“.

Реал Мадрид моментално е лидер во групата Х, а го очекува уште еден натпревар во оваа фаза – против Салцбург, кој се игра ноќта меѓу четврток и петок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови